Почитувани клиенти,
Согласно Одлуката за изменување на одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена на 36-тата седница на Владата на Република Северна Македонија за забраната за движење на населението на територијата на целата држава, Ве известуваме дека сите деловни простории на Триглав Осигурување АД, Скопје, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје почнувајќи од датум 08.04.2020 година ќе работат со времено изменето работно време секој работен ден од 09 часот до13 часот.
Во насока на превенција и заштита, советуваме посети на нашите локации единствено доколку бараната услуга е навистина неодложна.
За сите Ваши потреби можете да ги контактирате нашите
вработени на телефонските броеви и електронските адреси објавени на
веб-страниците www.triglav.mk, www.triglavzivot.mk , triglavpenzisko.mk, коишто се исто така наведени во дописот подолу.
Сите услуги и производи на Триглав се целосно достапни, а вработените навремено ќе ги контактираат клиентите во врска со обновување на веќе склучените полиси. Сервисите, кои Триглав ги има за online обнова на полиси се целосно овозможени преку интернет страницата на Триглав Осигурување, www.triglav.mk.
Ви благодариме и воедно се надеваме на разбирање и почитување на наведените вонредни мерки.
Со почит,
Триглав Осигурување
Триглав Осигурување Живот
Триглав пензиско друштво
Листа на телефонски броеви и електронски адреси за контакт: