Групација Триглав во 2020 година : Успешно работење во исклучително тешка година

Покажана издржливост во исклучително тешки услови

 

Во услови на пандемија на болеста COVID-19 и во средина со ниски каматни стапки во 2020 година, Групацијата Триглав ја покажа својата издржливост и финансиска сила. Таа оствари 90,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 90) и зголемен обем на осигурителната премија во износ од 1.233,8 милиони евра (индекс 104). Групацијата, која во 2020 година повторно беше оценета со висока бонитетна оценка „А“,  обезбеди деловен континуитет, стабилност и фокус на клиентите. Задоволството на вработените и на клиентите, што компанијата постојано го следи, во 2020 година го достигна највисокото измерено ниво.

 

Издржливост и ефикасно управување со ризици. Групацијата Триглав, во услови на несигурност, коja ja донесе пандемијата на COVID-19, покажа задоволителен степен на издржливост, подготвеност и прилагодливост кон вонредните услови. Во текот на годината, јавноста беше информирана за проценетото влијание на условите согласно различни сценарија, кои што потврдија дека портфолијата за осигурување и за инвестиции на Групацијата се доволно издржливи, а капиталната позиција е соодветна за успешно справување со зголемени ризици. Ниту еден материјален оперативен ризик не се реализира како последица на пандемијата.

 

На крајот на годината, вкупниот капитал изнесуваше 870,2 милиони евра (индекс 110), а бруто техничките резерви изнесуваа 3.033,2 милиони евра (индекс 105). Групацијата остана соодветно капитализирана и ликвидна, што е потврдено со повторно добиените високи бонитетни оценки „А“ од страна на бонитетните агенции S&P Global Ratings и AM Best. Оценките  имаат стабилна прогноза на среден рок. Бонитетната оценка „А“ е една од стратешките цели на Триглав, која му ја обезбедува посакуваната конкурентска позиција на осигурителните, реосигурителните и финансиските пазари и ја одразува финансиската моќ и успехот во работењето.

 

Профитабилно работење. Според неревидираните податоци, во 2020 година Групацијата Триглав оствари добивка пред оданочување од 90,9 милиони евра (индекс 90) и 73,7 милиони евра нето добивка  (индекс 88). Со дисциплинирано преземање на осигурителни ризици, таа го зголеми делокругот на деловно работење додека внимателно управуваше со трошоците. Неповолната состојба на финансиските пазари предизвика натамошен пад на приходите од камати, а исто така трошоците се зголемија како резултат на долгорочниот гарантиран принос  кај осигурување со вградена гаранција. Резултатите од масовните штетни настани беа помалку поволни споредено со претходната година, а на резултатот влијаеа и зголемените осигурително - технички резерви поради тековните деловни услови. Нето-приносот  од капиталот беше 8,9%, односно за 2 процентни поени понизок од претходната година.

 

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, изјави: „Случувањата во деловното опкружување и на пазарите на капитал имаа негативно влијание врз нашиот профит, но сепак сме задоволни од деловните резултати. Групацијата Триглав покажа издржливост во исклучително тешките деловни услови, ја задржа финансиската сила и ја докажа способноста за ефективно прилагодување кон промените. Оваа година,  финансиските пазари и економското закрепнување остануваат под влијание на сеуште непознатите димензии на глобалната епидемиолошка ситуација, поради што продолжуваме да работиме во неизвесно и тешко деловно опкружување “.

 

Добивката на Групацијата пред оданочување, која што потекнува од осигурително-техничкиот дел на работењето, се зголеми за 7 проценти (76,5 милиони евра), додека профитот од финансиските инвестиции  на осигурителната дејност и управувањето со резерви се намали за 55 проценти (13,0 милиони евра). Поради поволниот сооднос на уплатени премии и штетни настани, профитот од осигурување на имот се зголеми за 5 проценти, а од здравствено осигурување за 46 проценти. Поради континуираното опкружување на екстремно ниски каматни стапки, Групацијата формираше дополнителни резерви, што резултираше со намалување на профитот во осигурувањето на живот и пензиското осигурување за 85 проценти.

 

Вредноста на инвестициското портфолио се зголеми за 5%, на 3.496,4 милиони евра. Неговата конзервативна структура не се промени значително, а Групацијата со активно вложување ги прилагодуваше уделите на одделни инвестициски класи. На овој начин, таа ги задржа соодветната диверзификација и безбедноста на целото портфолио, дополнително го подобри неговиот квалитет и се грижеше за економската усогласеност на средствата и обврските.

 

Премиски раст и позиција на пазарот. Групацијата е лидер на пазарот во регионот Адриа, каде што, според податоците за 2019 година, имаше 20,4 проценти удел на пазарот (19,9 проценти во 2018 година). Во 2020 година го зголеми уделот на својот најголем, словенски, пазар за 0,4 процентни поени, односно достигна удел од 36,5 проценти. Шеста година по ред остварува раст на премијата, а нејзиниот волумен во 2020 година се зголеми за 4 проценти, на 1.233,8 милиони евра. Притоа, ги исполни своите планови и покрај неповолните услови и падот на БДП во повеќето земји во регионот, падот на осигурителните пазари и силната конкуренција. Ги зголеми премиите од осигурување на имот за 4 проценти и премиите од здравствено осигурување за 11 проценти, додека премиите од животно и пензиско осигурување останаа на нивото од претходната година. Растот на премијата е остварен на повеќето осигурителни пазари, на словенечкиот  беше за 3% и на исто ниво со движењето на пазарот, а на пазарите вон Словенија изнесуваше 4%. И во 2020 година Групацијата продолжи со стратегијата на диверзификација на премијата од географски аспект и во поглед на производи и услуги. Го зголеми уделот на премијата на пазарите надвор од Словенија на 18,2 проценти и го зголеми учеството на другите видови осигурувања, кои што покрај осигурувањето на имот ја сочинуваат нејзината понуда.

 

Поволен комбиниран количник. На работењето во доменот на штети, освен масовните штетни настани (невреме со град на три пазари и земјотреси во Хрватска со вкупна проценета вредност од 31,1 милиони евра), влијаеа и условите на пандемија. Вкупниот опсег на пресметани бруто штети  беше за 3 проценти понизок во споредба со  2019 година. Групацијата очекува дека дел од  штетите кои не настанале во 2020 година поради помала економска активност или општите ограничувања на движењето на осигурениците, ќе се реализираат  во деловната 2021 година. За таа цел, беа издвоени соодветни осигурително-технички резерви. Комбинираниот количник  на Групацијата изнесуваше 91,2 проценти и се наоѓаше во долниот дел од просечната целна стратешка вредност. Во споредба со претходната година, тој е понизок за 0,3 процентни поени, како резултат на подобрувањето на количниците за штети и трошоци.

 

Управување со имот. Во 2020 година, Групацијата го зголеми обемот на сопственото осигурително портфолио за 6 проценти, на 2.995 милиони евра, како и  обемот на средствата на клиентите во заеднички фондови и индивидуалното управување  за 5 проценти, на 1.156 милиони евра. Со средствата управува друштвото Триглав Склади, кое што управува и со инвестициското портфолио на клиентите на групацијата во рамките на инвестициското осигурување на живот и долгорочните деловни фондови на доброволно дополнително пензиско осигурување. По преземањето на управувањето на заедничкиот фонд АЛТА, сите процедури за интеграција беа успешно спроведени и 110.000 клиенти беа споени под единствениот бренд Триглав. Со удел од 32,9 проценти на словенечкиот пазар на заеднички фондови, Групацијата Триглав е еден од водечките управители со средства.

 

Добра контрола на трошоците. Вкупните консолидирани бруто оперативни трошоци на Групацијата Триглав останаа на нивото од претходната година и изнесуваа 306,7 милиони евра. Уделот на оперативните трошоци за осигурување во бруто полисираната премија исто така се намали во 2020 година, и тоа за 1,1 процентен поен, на 22,1 процент.

 

Спроведување на политиката за дивиденди. Во 2020 година, во согласност со ставовите на словенечкиот регулатор за осигурување, акционерите на Заваровалница Триглав го одобрија предлогот на Управата и на Надзорниот одбор акумулираната добивка за 2019 година да остане нераспределена. Политиката на дивидендите остана непроменета. При нејзиното спроведување, со оглед на околностите, компанијата ги зема предвид разумното управување со капиталот на Групацијата Триглав и нејзината финансиска стабилност, потребата за реинвестирање на профитот во спроведувањето на стратегијата за раст и развој и обезбедувањето на атрактивни дивиденди за акционерите. Со нормализирањето на состојбата во деловното опкружување, Компанијата ќе може да продолжи со исплата на дивиденда.

 

Фокусирани на клиентите и насочени кон развој. Групацијата успешно се прилагоди на променетото опкружување и потребите на клиентите. Новите услови дадоа дополнителен замав на целокупната дигитална трансформација во работењето на Групацијата, бидејќи се зајакнаа дигиталната продажба, комуникациските, дистрибутивните канали и алатки, а се зголеми и нејзиното  дигитално присуство. Со ваквиот пристап, таа ја зголеми просечната премија по вработен и ја зголеми ефикасноста на трошоците и со поедноставување на постапките го подобри корисничкото искуството на клиентот. Меѓу достигнувањата се истакнуваат надоградената работа од далечина, доследното спроведување на мерките преземени за ограничување на пандемијата и заштитата на здравјето на вработените, клиентите и другите заинтересирани страни, обновувањето и воведувањето нови производи и услуги за помош, подобрената обработка на штетни настани и воведувањето вештачка интелигенција во некои процеси.

 

Групацијата ја консолидираше сопствената продажна мрежа, која    што е нејзин најважен продажен канал, со учество од 73,3 проценти во вкупната полисирана премија. Во согласност со повеќеканалниот пристап, сопствената продажна мрежа се надополни со надворешна договорна продажна  мрежа, што придонесе за раст на премиите на одредени пазари. Во согласност со планираната географска диверзификација на работењето за 2020 година, матичното друштво на  Групацијата ги понуди своите услуги за прекугранично осигурување во повеќе од 15 земји-членки на ЕУ. Долгорочните деловни партнерства  со Грција и Италија беа проширени и на норвешкиот и холандскиот осигурителен пазар. Таквите форми на деловно работење, кои што во моментов се маргинални во однос на обемот на премијата, од Групацијата се сметаат за важни од развоен аспект.

 

Посветеност на одржливоста (ESG). Остварувајќи ја својата мисија за градење побезбедна иднина, Групацијата Триглав ја постигнува својата ориентација на одржливост. На крајот на 2020 година, ги надгради своите напори по прашањето на одржливост со усвојување на формален акт, Заложба за одржливост на Групацијата Триглав, која што сеопфатно ги дефинира насоките на нејзиниот развој во областа на заштитата на животната средина, социјалната политика и управување (ESG).

 

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, додаде: „Минатогодишните настани потврдуваат дека стратешките ориентации на Триглав се добро поставени, дека се развиваме во зацртаната насока на модерна, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која останува цврсто на водечко место во Словенија и во поширокиот регион. Врз основа на веќе спроведените стратешки активности и во согласност со планираното, работевме континуирано, доверливо и на сите пазари се фокусиравме на клиентите, кои ја оценија нашата работа со највисока оцена на задоволство досега. Притоа, свесни сме дека нашиот тим од повеќе од 5.300 вработени е главниот темел на нашиот успех. Заедно, постојано ги развиваме понудата, процесите и организацијата, со цел подобро да се грижиме за нашите клиенти, за нашите партнери. Во исто време, заедно ја развиваме нашата култура во агилна и спремна на соработка, што се рефлектира и во мерењата на задоволството меѓу вработените. Би сакал да им се заблагодарам на нашите клиенти и акционери за укажаната довербата и на моите колеги за нивната посветеност и труд во овој предизвикувачки период “.

 

Повторно именување на членка на Управата на Заваровалница Триглав. Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, на 2-ри март, 2021 година, на предлог на Работничкиот совет, за член на Управата - директор за човечки ресурси на Заваровалница Триглав, повторно ја именуваше Марица Макотер. Нејзиниот нов петгодишен мандат започнува на 23 декември, 2021 година.

 

 

Клучни податоци за работењето на Групацијата Триглав

                                                                                       во милиони евра

 

2020[1]

2019

2018

Индекс 2020/2019

Пресметана  бруто премија[2]

1.233,8

1.184,2

1.068,4

104

Нето приходи од премија на осигурување

1.066,8

1.027,6

951,8

104

Пресметани бруто износи на штети

697,4

716,7

679,6

97

Нето расходи на штети

683,6

684,1

626,6

100

Бруто оперативни трошоци

306,7

305,3

288,8

100

Добивка пред оданочување

90,9

100,9

97,5

90

Нето добивка

73,7

83,9

80,8

88

Состојба на осигурително-технички резерви[3]

3.033,2

2.878,9

2.713,1

105

Капитал4

870,2

792,0

746,9

110

Комбиниран количник

91,2 %

91,5 %

91,8 %

 

Принос на капитал

8,9 %

10,9 %

10,8 %

 

Книговодствена вредност по акција (во евра)

38,2

34,7

32,8

110

Нето добивка по акција (во евра)

3,2

3,7

3,6

88

Број на вработени4

5.316

5.281

5.166

101

 

 

Клучни податоци за работењето на Заваровалница Триглав

                                                                                       во милиони  евра  

 

2020² 

2019 

2018 

Индекс

2020/2019

Пресметана  бруто премија3

719,3

702,1

660,2

102

Нето приходи од премија на осигурување

583,9

573,6

551,9

102

Пресметани бруто износи на штети

408,3

425,2

421,0

96

Нето расходи на штети

375,3

376,8

359,9

100

Бруто оперативни трошоци

180,0

180,5

174,4

100

Добивка пред оданочување

71,1

84,6

78,5

84

Нето добивка

58,0

70,6

65,5

82

Состојба на осигурително-технички резерви

2.199,0

2.149,0

2.061,4

102

Капитал4

644,0

580,5

560,1

111

Комбиниран количник

86,1 %

85,6 %

86,1 %

 

Принос на капитал

9,5 %

12,4 %

11,6 %

 

Број на вработени 4

2.244

2.253

2.290

100

 

 

Планирано работење на Групацијата Триглав за 2021 година

 во милиони евра

 

План 2021

2020²

2019

2018

2017

2016

Добивка пред оданочување

85–95

90,9

100,9

97,5

84,4

95,1

Пресметана бруто премија³

1.200–1.300

1.233,8

1.184,2

1.068,4

999,9

936,0

 



[1] Неревидирани податоци

[2] Пресметана бруто премија на осигурување, коосигурување и реосигурување

[3]  На последен ден од годината


Complementary Content
${loading}