Наша стратешка цел е да го задржиме приматот осигурителна компанија со најмногу банки соработници на македонскиот осигурителен пазар

#interview #triglavstories


Сања Мерџановска-Директор на сектор за поддршка на продажба


Наша стратешка цел е да го задржиме приматот на осигурителна компанија со најмногу банки соработници на македонскиот осигурителен пазар, но и да воспоставиме различни модели на соработка со финансиските институции во насока на максимално користење на капацитетот на финансискиот систем и негов поголем развој.


 


Финансискиот пазар во земјава се повеќе се развива во насока на поврзување на повеќе финансиски продукти во еден финансиски договор, со што се обезбедува комплетна финансиска услуга за клиентите. Поврзувањето на банкарските продукти со полиса за осигурување на живот повеќе не е новитет за македонските граѓани и речиси да не постои банка која во рамки на својата банкарска понуда нема вклучено полиса за осигурување на живот.

 

Изминатиот период можевме да забележиме сериозен подем на поврзувањето осигурителните продукти со продукти на Друштвата за управување со инвестициски фондови, а за атрактивноста на оваа понуда зборува и фактот што овој финансиски продукт, наречен Инвестициско осигурување, е веќе дел од финансиската понуда на дури четири македонски банки. Инвестициското осигурување, или уште познато и како Унит линк осигурување, претставува финансиски продукт во кој се интегрирани предностите на инвестирањето и осигурувањето, со што се добива одлична можност за обезбедување на атрактивен принос со истовремено осигурување кое обезбедува финансиска сигурност за семејството на клиентот.

 

Овој тренд на интеграција на финансиските продукти и институции секако ќе допринесе за развој на целокупниот финансиски пазар, поголема финансиска свест на македонските граѓани и зголемување на нивната доверба во финансиските институции и различните видови на финансиски продукти.  


Сè ќе биде во ред.


 


Complementary Content
${loading}