Со Триглав на Планица повеќе од 3500 деца

38-та генерација на Триглав силно ги бодри словенечките „орли“
во долината на подножјето на Понца

 

Најдобрите светски ски скокачи повторно се собраа на Планица, каде што оваа недела, за последен пат во сезоната, ќе ги одмерат силите на легендарната сокалница на браќата Горишек. Повеќе од 3.500 деца во текот на квалификациите ќе ги бодрат скокачите во подножјето на скокалницата. Ова е 38-ма година по ред откако Заваровалница Триглав им овозможува на новите генерации да уживаат во еден од најголемите спортски настани во државата. Заедно со своите родители и наставници, како и со маскотата Кучето Пази, децата бодреа и аплаудираа со сета сила, а успеаа да добијат и по некој автограм од своите спортски херои.


Долината сместена во подножјето на врвовите на Понца е традиционално место за завршниот натпревар на Светскиот куп во скијачките скокови, каде што логото на Заваровалница Триглав во арената на скокалницата претставува цел за оние кои се стремат да стигнат што подалеку. Најголемата словенечка осигурителна компанија, која ги поддржува ски скоковите на Планица речиси половина век, уште еднаш е златен спонзор на овој настан. Веќе четири децении, четвртокот, кој е ден за квалификации, е наменет за децата од сите краишта на Словенија. Оваа година пристигна 38-мата „генерација на Триглав„.

Незаборавен ден во неверојаното природно опкружување

Во четвртокот, Заваровалница Триглав доведе повеќе од 3.500 млади, заедно со нивните придружници, како и 13 големи семејства во долината под планинскиот ланец на Понца, што е повеќе од 90.000 луѓе вкупно, од 1981.

 

Музичкото дуо BQL ќе се погрижи за забавата. Заводот Се ќе биде во ред на Заваровалница Трилгав ќе биде присутен сите четири дена до затворање на сезоната. Нивната кампања 40 дена без алкохол, која што се спроведува веќе трета година по ред, ќе ги охрабри посетителите да го намалат внесот на алкохол, или во потполност да се воздржат од конзумацијаи ќе нудат бесплатни алко-тестови за сите оние кои сакаат да водат сметка за конзумацијата на алкохол.

Предвидете ја должината на скоковите

И оваа година, Заваровалница Триглав на сите гледачи–оние кои присуствуваат на настанот и,  оние кои натпреварот го следат пред малите екрани – им нуди можност, со помош на мобилната апликација Triglav Rekordда ги предвидат скоковите на Петар Превец и останатите натпреварувачи. Со помош на оваа апликација, која што е достапна од Android и iOS уредите, љубителите на спортот ќе добијат можност да уживаат во напнатоста која ја нуди овој настан на сигурен и забавен начин.

 

Гледачите воедно ќе можат да ги следат скоковите на посебниот рекламен Citylight екран, поставен на улицата „Чопова“ во центарот на Љубљана, во автобусот на Триглав Лаб ЛПП бр. 6 и во новиот дигитален центар на Триглав Лаб на улицата „Дунајска“ бр.20 во Љубљана. Во петок, посетителите на Лаб центарот, ќе можат да ги следат активностите на голем видео-екран и со помош на технологијата на виртуелна реалност да ги доживеат скоковите од џиновската скокалница на Планица преку симулаторот за ски скокови. Секој ден, заклучно со 23.март, најдобриот скокач на симулаторот ќе добие два билети за овогодишниот натпревар на Планица.

Complementary Content
${loading}