Триглав осигурување Живот со стипендија за најдобриот студент

Триглав осигурување Живот на денот на осигурувањето 1-ви ноември, се приклучи кон иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето-за ситипендирање на еден од 14-те студенти од Факултетот за Природно-математички факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје.



  


На настанот кој го одбележа денот на осигурувањето 1-ви ноември беше организирана панел дискусија на тема Како растот на осигурувањето да го трансформираме во развојкаде учество земаа др.Крсте Шајноски-Претседател на Агенцијата за супервизија во осигурувањето, Христина Џамбазовска Анастасов-Генерален директор и извршен член на одборот на директори на Триглав осигурување Живот АД Скопје, Филип Николоски, заменик Министер за финансии, Бранко Азески- Претседател на „Стопанската комора“, д-р Климе Попоски-Генерален директор на Винер осигурување-неживот, како и други гости и претставници од останатите компании за осигурување на нашиот пазар.

 

Оваа година стипендист на Триглав осигурување Живот АД Скопје е Кристина Наумоска која  е студент со висок просек од 7 семестар на Природно математичкиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на насоката за актуарство и математика, насока која е тесно поврзана со работниот процес во секоја осигурителна компанија.

 

Среќни што ја имаме честа да поддржиме студент токму од оваа насока која кај нас е дефицитарна, а тоа е актуарството, а е една од најважните функции во една осигурителна компанија. Освен можноста  финансиски да го поддржиме нејзиното образование, веруваме дека и преку стручната пракса која ќе биде во времетраење од 30 дена во нашето Друштво студентката ќе има можност и практично да навлезе во процесот на актуарство што претставува дополнителен бенефит за нејзината натамошна наобразба. Ние сме веќе докажана компанија која е поддржувач на образованието, новите идеи и технологии и секогаш сме подготвени да излеземе во пресрет на вакви иницијативи кои пред се помагаат во градењето на идната работна кариера на младите кадри кај нас - изјави Христина Џамбазовска Анастасов-Генерален директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје.




Complementary Content
${loading}