Деловните процеси се од исклучително значење за успешното работење на Триглав Осигурување Живот

#interview #triglavstories

Виктор Илиоски-Директор на сектор за управување со деловни процеси

"Целокупниот процес на прием во осигурување, агилноста во процесот при решавање и исплата на штети како и беспрекорната грижа за клиенти се клучните показатели на успешноста на една компанија за осигурување на живот која осигурениците ја препознаваат во нас и поради тоа ни ја даваат својата доверба повеќе од пола деценија."



Деловните процеси се од исклучително значење за успешното работење на Триглав Осигурување Живот. Нивното постојано унапредување и развој го подобрува целокупното работење и го подигнува квалитет на услугите за нашите сегашни и идни осигуреници.

Целокупниот процес на прием во осигурување, агилноста во процесот при решавање и исплата на штети како и беспрекорната грижа за клиенти се клучните показатели на успешноста на една компанија за осигурување на живот која осигурениците ја препознаваат во нас и поради тоа ни ја даваат својата доверба повеќе од пола деценија.
Дигитализацијата и автоматизирањето на работните процесите им помагаат на нашите колеги да ја зголемат својата продуктивност, но исто така и го зголемуваат нивното задоволството при секојдневното вршење на работните задачи.
Развојот на иновативни производи за осигурување на живот ни овозможува да обезбедиме доверливи производи со широки покритија и секогаш да понудиме најдобар избор за нашите осигуреници, а постојаното имплементирање на интерактивни и модерни системски решенија се воведуваат со цел подобрување на корисничкото искуство за нашите осигуреници што претставува врвен приоритет на Триглав осигурување Живот АД Скопје.

Сè ќе биде во ред.


Complementary Content
${loading}