Во 2019-та година планирана е повисока добивка пред оданочување, споредено со добивката планирана за 2018-та година

Деловен план на Групацијата Триглав за 2019-та година и ажурирање на стратегијата до
2022 година

 

Групацијата Трилгав ги претстави плановите за 2019 година и ја ажурираше стратегијата до 2022 година. Групацијата, во 2019-та година планира добивка пред оданочување во износ помеѓу 80 и 90 милиони евра, консолидирана бруто премија од осигурување околу 1,1 милјарда евра и комбиниран коефициент во висина од околу 95%. Работењето на Групацијата, според предвидувањата за 2019-та година, сеуште ќе се одвива во поволни макроекономски услови во регионот, а истовремено може да се очекува заострена конкуренција на осигурителниот пазарот и неповолно финансиско опкружување за профитабилноста на финансиските вложувања. Групацијата ја ажурираше својата постоечка стратегија, но притоа ги задржа нејзините досегашни главни елементи. Нејзината визија, која што е фокусирана кон клиентите, е динамично да развива нови начини на работење, како темел на одговорен и долгорочен развој на Групацијата, а воедно да работи профитабилно и сигурно.

 

Стратегија на Групацијата Триглав

Групацијата Триглав ја ажурираше стратегијата до 2022 година, но ги зачува нејзините досегашни основни елементи. Во својата визија го нагласува фокусот на клиентите, одвојувајќи три вредности, кои најдобро ја претставуваат Групациајта: навременост, едноставност, доверливост.

 

Достигнување долгорочна, стабилна профитабилност и зголемување на вредноста остануваат стратетешки цели на Групацијата Триглав. На тој начин Групацијата ја следи својата мисија – градење на безбедна иднина за сите засегнати страни. Најважните стратешки цели остануваат непроменети, а подетално е дефиниран зацртаниот повраток на капитал (ROE). Предвидено е да надмине 10% во целокупниот стратешки период.

 

Групацијата Триглав останува фокусирана на клиентите и за нив ќе развива посебни услуги, кои ќе ги јакнат нејзините основни дејности, осигурување и управување со имот. Во рамките на Групацијата, развој на вработените и градење на кооперативна и агилна организација и култура остануваат главни насоки. За надградување и оптимизирање на процесите во групацијата од клучно значење се врабoтени кои имаат соодветни компентенции и дигитални вештини.

 

План на Групацијата Триглав за 2019-та година

Во 2019-та година работењето на Групацијата и натаму ќе биде финансиски стабилно и профитабилно.

 

- добивката на Групацијата пред оданочување е планирана во висина од 90 до 100 милиони евра (план за 2018 е помеѓу 80 и 90 милиони евра);

- консолидираната бруто полисирана премија е планирана во висина од околу 1,1 милијарда евра (план за 2018 е повеќе од 1 милијарда евра);

- комбинираниот количник на Групацијата Триглав е планиран на поволна висина од околу 95 %.

 

Групацијата очекува, дека работењето во секторот на осигурување ќе се одвива во помалку поволни макроекономски услови во регионот,  споредено со 2018г., што дополнително може да придонесе кон заострување на конкуренцијата на осигурителните пазари. Според очекувањата, финансиското опкружување за поврат на инвестиции и во 2019-та година останува неповолно. Основните инвестициски насоки за осигурителните портфолија на Групацијата Триглав, остануваат непроменети, што значи, обезбедувње соодветна сигурност и ликвидност на вложувањата, покрај остварување на соодветна профитабилност.

 

Во осигурителниот сегмент Групацијата планира иден раст на уделот на вкупната премија, која се обезбедува на пазарите надвор од Словенија. На сите пазари и натму ќе ја зајакнува својата силна конкурентска предност и ќе спроведува соодветна маркетинг стратегија. Развојните активности ќе имаат за цел да обезбедат едноставнни, доверливи, интегрирани и транспарентни осигурителни производи, кои ќе бидат надградени со соодветни услуги. И во 2019-та година Триглав ќе биде фокусиран на клиентите и на тоа ќе ги прилагодува развојните активности и ќе ја зголемува учинковитоста на продажните мрежи, преку кои остварува стратешки дефинирана мултиканална комуникација со клиентите. Во секторот штети Групацијата очекува слични трендови како и во изминатите години, вклучувајќи ги појавите на масовни штетни настани (поплави, град, олуи). Групацијата грижливо ја задржува соодветната заштита во форма на реосигурување.

 

 

Стратешка цел во доменот на управување со имот на Групацијата Триглав ќе биде зголемување на обемот на средства со кои управува за своите клиенти, од областа на незадолжително штедење и ефикасно управување со имот на ниво на цела Групација. И понатаму активно ќе ги следи можностите што произлегуваат од консолидации во индрустријата за управување со имот во регионот.

 

Андреј Слапар, претседател на управата на Заваровалница Триглав изјави: » Нашиот правец на раст и развој е стратешки зацртан, веруваме дека е правилен и не го менуваме. Стратегијата ја ажуриравме првенствено со намера појасно да го одредиме фокусот во работењето на Групацијата. Тимот од повеќе од 5000 вработени во регионот е поврзан преку вредностите како што се навременост, едноставност и доверливост. Во 2019-та година влегуваме со оптимизам и енергија и натаму да ги развиваме културата на ангажираност и нашиот фокус на клиентите. Имаме за цел профитабилно и финансиски стабилно работење. Имајќи ги во предвид пазарните услови, за следната година планирана е повисока добивка пред оданочување, споредено со планираната добивка за 2018-та. И понатаму грижливо ќе ги спроведуваме сите усвоени стратешки проекти и активности. Верувам дека притоа ќе бидеме успешни.«

 

Планот на Групацијата Триглав за 2019-та година и Стратегијата до 2022 –та година се објавени на веб страната на triglav.eu.


Complementary Content
${loading}