Оглас за пополнување на 2 (две) работни позиции

ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ

Објавува оглас за пополнување на 2 (две) работни позиции

СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА

Критериуми за аплицирање:

  • Високо или средно образование од економска или сродна област;
  • Познавање на работа во Microsoft Office;
  • Одлични комуникациски, организациски и презентациски вештини;
  • Амбициозност и желба за учење;
  • Самоиницијативност, проактивност, одговорност и насоченост кон остварување на продажни резултати;
  • Дозвола за управување на моторно возило од Б категорија.

 

Услови:

  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време-неделно работно време е 40 часа;
  • Континуирано посетување на обуки;
  • Можност за напредување и кариерен раст согласно работната успешност;
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                                                      

-биографија (CV)

-мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 26.08.2022година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 2, 1000 Скопје или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk



Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

 


Complementary Content
${loading}