Администратор за Информатичка Технологија


                          Администратор за Информатичка Технологија


                                  


КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Релевантно искуство од најмалку 2 години во ИТ;
  • Познавање на Англиски јазик;
  • Комуникациски и организациски способности;
  • Самоиницијативност, амбициозност, лојалност и доверливост;
  • Висока мотивираност и желба за надградба;
  • Познавање на соодветни програмски алатки;
  • Основно познавање на Т-SQL;

КОМПАНИЈАТА НУДИ:

  • Корпоративна обука во согласност со најдобрите практики од оваа област;
  • Можност за брзо напредување во рамките на компанијата;

 

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

  • Tехничка помош на внатрешни корисници при отстранување на проблемите во работењето со стручната и програмска ИКТ опрема;
  • Инсталација и одржување на клиентски компјутери и останата опрема;
  • Инсталација и одржување на апликативни програми изработени во Група Триглав или од страна на надворешни изведувачи;
  • Соработува со надворешни соработници;
  • Учествува и соработува во имплементација на проектите во Друштвото;
  • Води евиденција, изработува упатства и извештаи поврзани со подрачјето на работење;


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА                                      

  • биографија (CV)

 

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 17.04.2023 година на адреса: Булевар 8-ми септември, бр.18 кат 21000 Скопје или на е-mail адреса: hr@triglavzivot.mk со назнака на позицијата за која се аплицира.

 

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате Вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Триглав Осигурување Живот, АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

 

 



Complementary Content
${loading}