За исплата на дивиденда 56,8 милиони евра, односно 2,50 евра бруто по акција

Групацијата Триглав продолжува со активностите за развој и раст согласно зацртаната
стратегија

 

На 44 - то собрание на акционери на Заваровалница Триглав акционерите ги поддржаа сите предлози на Управата и Надзорниот одбор на друштвото. За дивиденди наменети се 56,8 милиони евра, односно 2,50 евра бруто по акција, што претставува 70% од консолидираната нето добивка за 2018-та година. Собранието на акционери даде одобрување на работата и управувањето на Друштвото од страна на Надзорниот одбор и Управата на друштвото за деловната 2018-та година и за ревизор на друштвото за деловните 2019, 2020 и 2021 година го назначи ревизорското друштво Deloitte revizija.

 

На денешното 44-то собрание на акционери на Заваровалница Триглав акционерите го поддржаа предлогот на Управата и на Надзорниот одбор за користење на билансната добивка за 2018-та година. За дивиденда се намени дел од билансната добивка во висина од 56.837.870,00 евра, односно 2,50 евра бруто по акција, што претставува 70% од консолидираната нето добивка за 2018-та година, односно 85% од билансната добивка на друштвото. Дивидендата ќе биде исплатена на акционерите, регистрирани во акционерската книга на ден 12.06.2019, а следниот ден Заваровалница Триглав на сметка на KDD – Centralno klirinško depotne družbe, ќе ги осигури средствата за исплата на сите дивиденди.

 

Собранието на акционери е запознато со годишниот извештај на Групацијата Триглав и Заваровалница Триглав за 2018-та година и на Управата и на Надзорниот одбор им даде одобрување за работата и управувањето на друштвото за деловната 2018-та година. Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав, изјави: „Им благодарам на акционерите на искажаната доверба. Групацијата Триглав е финансиски стабилна, располага со кредитен рејтинг „А“, а работењето минатата година беше успешно. Задоволни сме, што на оваа подлога можеме, согласно нашата политика за дивиденди, да исплатиме активна дивиденда на нашите акционери. Годинава продолжуваме со активностите за развој и раст на Групацијата, како што е дефинирано и во стратегијата и во планот.”

 

Собранието на акционери за ревизор на Заваровалница Триглав за 2019, 2020 и 2021 година го назначи ревизорското друштво Deloitte revizija, d.o.o., Ljubljana.


Complementary Content
${loading}