Пријавете се. Бесплатно!

Пријавете се за нашите совети за безгрижен секојдневен живот

Како вежбањето влијае на вашето тело и благосостојба?

20. 9. 2021

Дали знаете како редовното вежбање влијае на вашето тело и ум? Повеќето од нас имаат работа која вклучува седење и се премногу зафатени кога станува збор за физичка активност. Но никогаш не е доцна да се сменат животните навики. Само 30 минути вежбање дневно можат позитивно да влијаат врз вашето тело и да придонесат кон вашата благосостојба.

 

 

Како вежбањето влијае на вашето тело и благосостојба?

Eве како редовното вежбање може да го подобри вашето здравје:

 

Го намалува ризикот од срцеви заболувања. Вежбањето го зајакнува срцето и ја подобрува циркулацијата. Зголемениот проток на крв го зголемува нивото на кислород во телото, помагајќи да се намали ризикот од срцеви заболувања како што се висок холестерол, коронарна артериска болест и срцев удар. Редовното вежбање исто така го намалува крвниот притисок и нивото на триглицериди во крвта. 

 

Помага да се намали нивото на шеќер во крвта и ја подобрува работата на инсулинот.  Со тоа се намалува ризикот од дијабетес тип 1 и метаболички синдром. А доколку веќе имате некоја од овие болести, вежбањето може да помогне во нивното менаџирање. 

 

Ги зајакнува коските кај децата и тинејџерите. Во подоцнежните години, вежбањето може да помогне да се успори намалувањето на густината на коскената маса. Изведувањето на вежби за зајакнување на мускулите исто така може да помогне да се зголеми или одржува мускулната маса и цврстина. 

 

Помага да се контролира телесната тежина. Заедно со соодветна исхрана, вежбањето игра важна улога во контролирањето на тежината и превенцијата на прекумерна тежина. За да ја одржите тежината, бројот на калории кои ги внесувате треба да е еднаков на енергијата која ја согорувате. За да изгубите тежина, пак, мора да согорувате повеќе калории отколку што внесување преку исхраната. 

 

Го намалува ризикот од некои видови рак. Редовното вежбање може да го намали ризикот од рак на дојка, рак на дебелото црево, рак на матката и рак на белите дробови. 

 

Го подобрува спиењето. Вежбањето може да ви помогне да заспиете побрзо и да имате поквалитетен сон. 

 

Го подобрува сексуалното здравје. Редовното вежбање може да го намали ризикот од еректилна дисфункција кај мажите. Кај жените вежбањето може да ја поттикне сексуалната желба. 

 

Го подобрува менталното здравје и расположението. Вежбањето помага да се намали анксиозноста, депресијата, стресот и негативното расположение, а во исто време ја зголемува самодовербата, ја подобрува меморијата и позитивно влијае на когнитивните функции.

 

Може да го продолжи животниот век. Истражувањата покажуваат дека редовното вежбање може да ви помогне да живеете подолго бидејќи го намалува ризикот од болести кои обично се јавуваат кај луѓе во напредна возраст, како дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања. 

 

Како вежбањето да стане дел од вашата рутина?

Внесете повеќе активност во секојдневието. Дури и најмалите промени може да направат голема разлика. На пример, наместо лифт користете ги скалите или паркирајте го автомобилот подалеку од работното место наутро за повеќе да пешачите.

 

Бидете активни заедно со вашето семејство или пријателите. Кога имате партнер за вежбање, физичката активност ќе ви биде попријатна. 

 

Направете го вежбањето позабавно. Обидете се да слушате музика или дури да гледате телевизија додека вежбате. Исто така, избегнувајте изведување само на еден тип вежби. Рутината може лесно да ви досади па затоа е добра идеја да се комбинираат различни типови на активности. 

 

Следете го вашиот напредок. Користењето на фитнес тракер може да ви помогне да поставите јасни цели и да останете мотивирани. 

 

За да ве мотивира да започнете со физичка активност што поскоро, Триглав, покрај осигурувањето во доменот на здравствена заштита, ви обезбедува пристап до мобилната апликација FitKit преку FitKit Active пакетот. Апликацијата ви нуди онлајн тренинзи, како и избор на над 150 локации ширум Македонија заедно со корисни совети и насоки за вежбање кои ќе ви помогнат да бидете поздрави и во подобра форма. 

 

Доколку склучите договор за доброволно приватно здравствено осигурување или ја обновите вашата полиса, ќе добиете 24 бесплатни кредити за користење на услугите на апликацијата кои можете да ги искористите во рок од една година. 



 

Сподели на:
Share on Google+