Групацијата Триглав има повеќе од 5.200 високо мотивирани и способни кадри во осум земји од регионот. Работните места во Групацијата се сметаат за едни од најпосакуваните работни места во регионот. Ние сме интернациoнaлна, мултикултурна компанија, која ги потиккнува и им помага на своите вработени во реализација на своите професионални и лични цели.
Кај нас успешната соработка и добрите односи се базираат на разбирањето помеѓу колегите, како професионално, така и лично. Грижата за нашите вработени ја сметаме за една од најважните стратешки цели на ниво на Групацијатa, која сака да им овозможи на своите вработени целосно искористување на нивниот потенцијал.
Кај нас вработувањето е сигурно. Покрај многубројните бенeфиции и грижата за здрава работна средина, вработените кај нас уживаат атрактивни можности за напредување, како и можност за работа во меѓународна средина.
Нашата цел е поттикнување на креативноста, мобилноста и интернационализација на нашите вработени.