Warning

Warning

Invalid configuration found. Contact the administrator.

 

ВНЕСЕТЕ СВЕТЛИНА И БЕЗГРИЖНОСТ ВО ТИМОТ

Производот колективно осигурување во случај на смрт од болест е наменет за Компании кои своите вработени ги осигуруваат од ризикот смрт од болест. Согласно условите, можат да се осигураат здрави лица со навршени 18 (осумнаесет) години и тоа од првиот ден во месецот кој следи од месецот во кој осигуреникот се стекнал со право на осигурување, па се до завршувањето на календарската година во која осигуреникот ќе наврши 69 години.Осигурувањето треба да заврши во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 70 години старост.

Условите дозволуваат и осигурување на лица кои се помлади од 18 години и тоа:
-се деца на работникот кој е осигурен преку колективно осигурување, ако се постари од 14 години и живеат во исто семејство со работникот и
-работници кои се постари од 15 години и се вработени согласно ЗРО;

Полисата е се рок на важност од минимум една година и истиот се продолжува за секоја наредна година.

За осигурувањето

Кој може да се осигурува
Основни и дополнителни осигурувања
Премии и осигурени суми
ИСПЛАТА

Основно осигурување
Осигурувањето започнува секогаш во 00.00 часот првиот ден
од месецот кој следи по месецот на склучување на Договорот,
доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на
почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата
и полисата. Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е
наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена
првата премија или првата рата, односно еднократната премија.

Дополнителни осигурувања

Покрај основното осигурување кон овој производ може да се договорат и дополнителни осигурувања, според посебните услови на осигурувачот.

  • Дополнително осигурување за тешки болести и повреди
  • Дополнително осигурување од несреќен случај
  • Доколку со осигурувањето на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел од Договорот се и посебните услови за осигурување за соодветното дополнителното осигурување.

    Премијата за осигурување ја определуваат понудувачот и осигурувачот според податоците во понудата, особено според избраната тарифа на премии, осигурената сума, староста на осигуреникот, полот на осигуреникот, времетраењето на осигурувањето и периодот на плаќање на премијата за осигурување.

    Осигурувањето може да се склучи на тој начин што премијата ќе се плаќа на рати, или на начин премијата да се плати во еднократен износ при склучувањето на осигурувањето. Договорената премија, по правило, се плаќа месечно однапред, и тоа на први во месецот во кој достасува за плаќање. Договарачот и осигурувачот можат да се договорат и за поинаква динамика на плаќање на премијата (тримесечно, полугодишно, годишно). На осигурувачот му припаѓа премијата до крајот на месецот во кој настанал осигурениот случај.

    Откуп на осигурувањето, аванс и мирување на осигурувањето не се можни.
    Осигурувањето на живот во случај на смрт на корисниците на кредит е без учество во добивка.


    Согласно овие Услови, осигурувачот нема обврски за исплата на договарачот, односно корисникот.

    Најважни причини зошто да склучите осигурување

    1 Заштита на Вашиот тим
    2 Придобивка за вработените
    3 Лекување од Ковид 19

    Често поставувани прашања

    За кого е наменето осигурувањето?

    Производот е наменет за Компании кои своите вработени ги осигуруваат од ризикот смрт од болест.

    Колку трае осигурениот период?

    Осигурувањето е со важност од 1 (една) година со можност за продолжување на истото.

    Документи

    За преглед на документите препорачуваме да користите PDF прегледувач Adobe Acrobat Reader

    УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ