Осигурување на живот на корисници на кредит

Вашето семејство без долг како наследство

Овој производ обезбедува отплата на кредитот во случај на смрт на кредитобарателот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје, со истовремено целосно покритие во случај на смрт од CoVid-19, и на овој начин семејството на кредитобарателот не е дополнително оптоваренo со превземање на кредитните обврски, бидејќи истите во целост се покриени со полисата.

Комбинацијата на банкарски и осигурителни производи, тн. банко-осигурување,  подразбира овозможување на кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност на семејството на кредитобарателот при немил настан. Најчесто во пракса, Банките при одобрување на овој кредит овозможуваат и значително поповолни услови за кредитирање на клиентите.

За осигурувањето

Кој може да се осигура
ОСНОВНИ И ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСИГУРУВАЊА
ПРЕМИИ И ОСИГУРЕНИ СУМИ
ИСПЛАТА


Основно осигурување

Осигурувањето започнува секогаш во 00.00 часот првиот ден
од месецот кој следи по месецот на склучување на Договорот,
доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на
почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата
и полисата.

Дополнително осигурување

Кон ова осигурување нема можност да се вклучат дополнителни осигурувања.

Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена
првата премија или првата рата, односно еднократната премија.

Висината на осигурената сума за случај на смрт (основна осигурена сума) се определува при склучување на осигурувањето така што, по правило, не е пониска од висината на земениот кредит.
Осигурената сума за случај на смрт за времетраење на осигурувањето постепено се намалува во согласност со табелата
на фактори на годишни вредности на осигурената сума, така за да биде еднаква на нула по истекот на договорениот период на осигурување.

Нашите призводи создаваат среќни лица и хармонични животни моменти.

Бидете насмеани и осигурени.

Најважни причини зошто да склучите осигурување

1 Сигурност на семејството
2 Лична сигурност
3 Пониски каматни стапки
4 Исплата на кредитот при несакан штетен настан

Често поставувани прашања

За кого е наменето ова осигурување?

Животното осигурување за корисници на кредит е наменето за корисници на кредит

Во случај на смрт на осигуреникот, или на едно од осигурените лица, за времетраењето на осигурувањето, осигурувачот на корисникот му ја исплатќа осигурената сума за случај на смрт. Притоа осигурувачот, во случај на смрт на осигуреникот, или на едно од осигурените лица во времетраењето на осигурувањето, на корисникот-кредиторот му го исплаќа од осигурената сума за случај на смрт износот на долгот.


Дали можам да осигурам со осигурена сума поголема од износот на кредитот? Дали тогаш имам право на разлика откако ќе истече рокот?

Можниот вишок, разликата од износот на осигурената сума и висината на долгот, му се исплаќа на корисникот-лице за случај на смрт. Осигурувањето со тоа престанува.

Колкава е минималната основна сума на ова осигурување?

Висината на осигурената сума за случај на смрт (основна осигурена сума) се определува при склучување на осигурувањето така што, по правило, не е пониска од висината на земениот кредит.

Документи

За преглед на документите препорачуваме да користите PDF прегледувач Adobe Acrobat Reader

УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

БРОШУРИ