Индивидуално осигурувањето на живот со штедење е комбинација на штедење и осигурување во случај на смрт од болест,или несреќен случај.
Оваа инвестиција во иднината овозможува да се осигурат лица на возраст од 14 до 65 години.Но, без разлика кога ќе започне
осигурувањето, истото завршува во календарската година кога осигуреникот ќе наполни 75 години старост.
Осигурувањето може да се склучи на период од минимум 5 години и максимум 25 години,
со минимална месечна премија од 15 евра. Зависно од сумата на осигурување и пристапната старост на осигуреникот,
осигурувањето на живот со штедење се склучува со, или без лекарски преглед.
Покрај основната понуда,, Триглав Живот нуди можност и за осигурување на двојна осигурена сума во случај на смрт.
Договорувач и осигурувачот во понудата ја одредуваат осигурената сума и премијата особено од аспект на избраните тарифи на премии, староста на осигуреникот, полот и периодот на осигурување,
односно периодот на плаќање на премијата.
Осигурувањето може да се склучи на тој начин што премијата ќе се плаќа на рати,
или на начин премијата да се плати во еднократен износ при склучувањето на осигурувањето.
Договорената премија се плаќа месечно однапред, и тоа на први во месецот во кој достасува за наплата. Договорувач и осигурувачот можат да се договорат и за поинаква динамика на плаќање на премијата.
На осигурувачот му припаѓа премија до крајот на месецот во кој настанал осигурениот случај.
Ако договорувач доцни со плаќање на една или повеќе премии, со плаќањето на премијата најпрво се подмируваат премиите достасани за наплата. За неплатените премии осигурувачот има право на законска затезна камата.
Исплата
При крајот на осигурувањето корисникот има право да избере помеѓу трите различни можности на исплата, и тоа
— исплата на еднократен износ
— исплата на рати или
— исплата на дел од осигурената сума во еднократен износ, а дел во облик на плаќање на рати.
Дополнително осигурување од несреќен случај
Дополнителното осигурување од несреќен случај може да се склучи со приклучување кон основното осигурување на живот со штедење и во зависност од тоа дали премијата се плаќа на рати, или еднократно.
Предности на овој производ:
-Во случај на смрт поради несреќен случај во сообраќајна незгода на корисникот на осигурувањето се исплаќа 150% од договорената сума,
-Во случај на несреќен случај, којшто резултира со траен инвалидитет и којшто според табелата на инвалидитет е сто процентен, осигурената сума за траен инвалидитет се дуплира,
-Ако е договорена месечна рента и настане инвалидитет, којшто според табелата се проценува како најмалку педесет процентен, се обезбедува исплата на договорената месечна рента во траење од 5 години,
-Надоместот за болнички ден обезбедува покритие во случај на преноќување на осигуреното лице во болница, поради лекување на последиците од несреќен случај, односно последици од зараза со салмонела или легионела.
Дополнително осигурување од тешки болести и повреди
Болестите се непредвидливиот дел од животот, некои поминуваат брзо, но некои се тешки, болни и спори. Во случај на тешка болест, обезбедете си финансиска поткрепа која ќе ви го олесни лекувањето и закрепнувањето.
Финансиската стабилност на нашите деца е можеби
една од најважните сегменти, а поседувањето на полиса
за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки
финансиски последици на родителите го прави производот Касичка вистински заштитник за сигурна иднина.
Касичка-Детско осигурување со штедење е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации, а производот е комбинација на штедење и осигурување кој покрај полисата за животно осигурување, ја гарантира и сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителниот период, нашите најмали ги добиваат средствата во висина која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат привилегијата да користат осигурување.
Со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 1 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 26 години.
*Во случај на несакан штетен настан-смрт на договорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот за детско штедно осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.
Осигурување на живот е современ начин за наградување на лојалноста на вработените, намалување на одливот на квалитетни кадри, оптимизација на трошоците за Компанијата и дополнителна вредност за вработените и нивните семејства преку осигурително покритие.