Warning

Warning

Invalid configuration found. Contact the administrator.

 
Warning

Warning

Invalid configuration found. Contact the administrator.

 

Ризико осигурување во случај на смрт на осигуреникот

Заштита на целото семејство при несакан штетен настан по животот на корисникот на полисата

Производи кои покриваат повеќе ризици а наменети се за сите оние кои сакаат целосно да го заштитат своето семејство при настанување на штетен настан по животот на корисникот на полисата.

Флексибилна можност за уплата во поглед на траењето и начините на плаќање, а се согласно потребите на осигуреникот.


  • РИЗИКО СМАРТ ОСИГУРУВАЊЕ
  • РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ СО ДЕЛУМЕН ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА


За осигурувањето

КОЈ МОЖЕ ДА СЕ ОСИГУРА
ОСНОВНО И ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСИГУРУВАЊА
ПРЕМИИ И ОСИГУРЕНИ СУМИ
ИСПЛАТА

Согласно овие услови може да се осигурат здрави лица со наполнети 18 (осумнаесет) години и тоа од првиот ден во месецот кој следи по месецот во кој осигуреникот се стекнал со правото на осигурување на животот, па сѐ до завршување на календарската година во која осигуреникот ќе наврши 65 години. Осигурувањето завршува во календарската година во која осигуреникот ќе наврши 75 години старост. Ништовно е осигурувањето во случај на смрт на лице помладо од 14 години, како и на лице целосно лишено од деловната способност.


Основно осигурување

Осигурувањето започнува секогаш во 00:00 часот, првиот ден од месецот кој следи по месецот на склучување на договорот, доколку поинаку не е договорено. Денот, месецот и годината на почеток и истекување на осигурувањето се наведени во понудата и полисата. Обврската на осигурувачот започнува од денот кој е наведен како почеток на осигурувањето, ако дотогаш е уплатена првата премија или првата рата, односно еднократната премија. Ако премијата или првата рата не се исплатени до почетокот на осигурувањето или во договорениот рок, обврските на осигурувачот започнуваат во 24:00 на денот кога премијата или првата рата се во целост уплатени, но не пред почетокот на осигурувањето, под услов да не се влошила здравствената состојба на осигуреникот од денот на потпишувањето на понудата.

Дополнителни осигурувања

Покрај основното осигурување кон овој производ може да се договорат и дополнителни осигурувања, според посебните услови на осигурувачот.

  • Дополнително осигурување за тешки болести и повреди
  • Дополнително осигурување од несреќен случај
  • Доколку со осигурувањето на живот се договори и дополнително осигурување, составен дел од Договорот се и посебните услови за осигурување за соодветното дополнителното осигурување.


      Премијата за осигурување, како и висината на осигурената сума ја утврдуваат осигурувачот и договарачот врз основа на податоците од понудата и соодветните тарифи кои се на сила, возраст на осигуреникот, пол и период на осигурување, односно период на плаќање на премија.
      При зголемен ризик можат да се договорат дополнителни премии.

      Осигурувањето може да се склучи на тој начин што премијата ќе се плаќа на рати или во еднократен износ при склучување на осигурувањето. Договорената премија се плаќа месечно однапред, на први во месецот кој доспева за наплата. Договарачот и осигурувачот може да договорат и друга динамика на плаќање на премијата. Осигурувачот има право на премија до крајот на месецот во кој настапил осигурениот случај. Ако договарачот доцни со плаќање на една или повеќе премии, со плаќањето на премијата најпрво се подмируваат премиите достасани за наплата. За неплатените премии осигурувачот има право на законска затезна камата.




      Согласно овие Услови, осигурувачот нема  обврски за исплата на договарачот, односно корисникот.

      Нашите призводи создаваат среќни лица и хармонични животни моменти.

      Бидете насмеани и осигурени.

      Најважни причини да склучите Ризико осигурување на живот

      1 Сигурност на семејството
      2 Лична сигурност

      Документи

      За преглед на документите препорачуваме да користите PDF прегледувач Adobe Acrobat Reader

      УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ

      БРОШУРИ