Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ, АД СКОПЈЕ

Почитувањето на приватноста на поединците, вклучително и заштитата на личните податоци, е од суштинско значење за нас. Ние сме посветени на заштита на личните податоци и гарантирање на безбедност и доверливост. Затоа, Ве покануваме подетално да се запознаете со информациите за обработка на Вашите лични податоци во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Воведни одредби

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е дел од Групацијата Триглав која е една од најголемите осигурителни групации во југоисточна Европа. Во рамките на своето работење Триглав Осигурување Живот АД, Скопје собира и обработува лични податоци од своите клиенти, односно потенцијални клиенти, од корисниците на услугите и трети лица. Од таа причина Триглав Осигурување Живот АД, Скопје посветува посебно внимание на нивна соодветна заштита, со цел да ја оправда и одржи вашата доверба.

За личен податок се смета секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чие идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

Ве молиме овој документ внимателно да го прочитате како би можеле да се запознаете со релевантни информации за постапување со Вашите лични податоци и како би биле потполно запознаени со правата кои Ви припаѓаат врз основа на позитивните правни прописи.

Во оваа политика подетално е образложено следното

  • Основни информации за нас како контролор на лични податоци;
  • Лични податоци кои ги обработуваме;
  • Категории на лични податоци;
  • Собирање на личните податоци;
  • Правен основ за обработката на личните податоци;
  • Цели за обработка на личните податоци;
  • Обврска за давање на личните податоци;
  • Пренос на личните податоци;
  • Остварување на правата на субјектите на личните податоци;
  • Поднесување на приговор на обработката на личните податоци;
  • Чување на личните податоци;
  • Ажурирање на Политиката за приватност.

Основни информации за нас како контролор на лични податоци

Контролор:

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

Седиште:

Бул. 8-ми Септември бр. 18, кат 2, 1000 Скопје

   Даночен број:

4080017568947

Матичен број:

7233825

Основен капитал:

7.000.000,00 EUR

Телефон:

+389 (2) 5102 201


Веб страна:

https://www.triglavzivot.mk

https://www.triglav.eu

Е-адреса:

info@triglavzivot.mk 




КОЈ Е КОНТРОЛОР НА ПОДАТОЦИТЕ?

Терминот „контролор“ означува физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Во рамките на вршење на работите Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е контролорот, а при обработката на податоците постапува исклучиво и во согласност со важечките прописи, овозможувајќи адекватно ниво на заштита и безбедност на личните податоци.

Идентитет и контакт податоци на контролорот и офицерот за заштита на лични податоци:

Контролор: Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

Седиште: бул. 8-ми Септември бр.18 кат 2, Скопје

Е-маил: info@triglavzivot.mk

 

Офицер за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Сања Цуцулова

Е-маил: oficer.lp@triglavzivot.mk

КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ?

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договарачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релевантни позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Триглав, а Триглав во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи совесно, законито и согласно целта за која се собрани.

КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги собира, чува, пренесува и користи следните лични податоци:

  • податоци наведени во договорот за осигурување (понуда, изјава, барања за измени и дополнување) анекси и дополнувања на договорот за осигурување, вклучително и прашалници;
  • податоци за случаи на осигурување, проценка на осигурителното покритие и висина на надоместокот, односно премијата за осигурување;
  • податоци за дадени согласности и податоци посредувани од страна на поврзано Друштво во рамките на Групацијата Триглав и
  • посебни категории на лични податоци.
КАКО ГИ СОБИРАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Вашите лични податоци ги собираме директно од Вас или од други извори како што се: јавни бази на податоци, Вашиот работодавач, застапници во осигурување, осигурително брокерски друштва, здравствени установи, доктори и сл. 

ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје собира, обработува, чува, користи и доставува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, одредбите од Законот за облигациони односи и одредбите од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, а во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

 

ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mail), Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на правата и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување. Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Групацијата Триглав во Република Северна Македонија, ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.

Со цел водење на постапка за прием во осигурување, склучување на договори за осигурување, како и извршување на права и обврски преземени со склучените договори за осигурување, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.

Недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да резултира со одбивање на прием во осигурување, несоодветно оценување или степен на штетата или не исплаќање на оштетното барање.

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува Вашите податоци и за остварување на легитимните интереси, согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

ДАЛИ ИМАТЕ ОБВРСКА ДА ГИ ДАДЕТЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Доколку сакате да склучите Договор за осигурување, мора да ни ги дадете сите информации кои се потребни за склучување, спроведување и исполнување на договорните обврски и податоците кои ни се потребни во согласност со позитивните прописи.

Без Вашите лични податоци, не можеме да склучиме договор за осигурување со Вас.

ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Личните податоци на субјектите на лични податоци се пренесуваат во рамките на Групацијата Триглав, односно во матичното друштво Заваровалница Триглав каде што личните податоци се обработуваат само за цели на чување. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, во рамките на Групацијата Триглав се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени од страна на Европската комисија.


КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА ВО ВРСКА СО ЗАШТИТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И КАКО ДА ГИ ОСТВАРИТЕ?

Во однос на Вашите лични податоци кои Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги собира и обработува врз основа на важечкото законодавство и согласно Законот за заштита на лични податоци, ги имате следните права:

  • Право на информирање, кои податоци ги обработува Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, кога тие податоци се собрани, целта на обработка на тие податоци, информација за контролорот и обработувачите и лицата на кои тие податоци им се достапни;
  • Право на исправка на Вашите лични податоци, како би можеле да се осигурате дека податоците со кои Триглав Осигурување Живот АД, Скопје располага се вистинити, точни и ажурни;
  • Право на бришење на Вашите лични податоци кои Триглав ги обработува, доколку тие податоци повеќе не се нужни за остварување на целите на обработка;
  • Право на ограничување на обработката на Вашите податоци во случаите предвидени  со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци;
  • Право на повлекување на согласноста за обработката на Вашите податоци во случаите предвидени со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци;
  • Право на преносливост на податоците – имате право да ги примите Вашите податоци во структуриран облик како би можеле да ги пренесете на друг контролор;
  • Право на приговор – имате право да вложите приговор на обработката на Вашите лични податоци до Контролорот или надлежниот орган (Агенцијата за заштита на лични податоци).

Барањето за остварување на Вашите права може да го доставите до Триглав Осигурување Живот АД, Скопје на соодветен образец кој е достапен на нашата веб страна www.triglavzivot.mk.

Барањето може да го поднесете:

  • во седиштето на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје на ул. 8-ми Септември бр.18 кат2, 1000 Скопје;
  • по пошта, на адресата: Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ул. 8-ми Септември бр.18 кат2, 1000 Скопје, со назнака „за Офицер за заштита на лични податоци“;
  • на електронската пошта oficer.lp@triglavzivot.mk.

КОГА МОЖЕТЕ ДА ПОДНЕСЕТЕ ПРИГОВОР НА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

Во секое време можете да вложите приговор до Триглав Осигурување Живот АД, Скопје на обработката на Вашите лични податоци, а Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ќе запре со понатамошното обработување на Вашите податоци за наведената цел.


КОЛКУ ДОЛГО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги чува Вашите лични податоци до истек на законскиот рок за чување, односно се до моментот на постоење на легитимен интерес или дадената согласност.

ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје редовно го изменува овој документ во кој се содржат информации за обработка на личните податоци, во согласност со промените во прописите за заштита на лични податоци.


ЗАВРШНА ОДРЕДБА

Оваа Политика влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

Со влегување во сила на оваа Политика, се задолжува Службата за информатичка технологија истата да ја постави на официјалната веб страна на Друштвото.


Complementary Content
${loading}