Политика за приватност

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ, АД СКОПЈЕ

Почитувањето на приватноста на поединците, вклучително и заштитата на личните податоци, е од суштинско значење за нас. Ние сме посветени на заштита на личните податоци и гарантирање на безбедност и доверливост. Затоа, Ве покануваме подетално да се запознаете со информациите за обработка на Вашите лични податоци во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.




Основни информации за нас како контролор на лични податоци

Контролор:

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

Седиште:

Бул. 8-ми Септември бр. 18, кат 2, 1000 Скопје

4080017568947

4080017568947

Матичен број:

7233825

Основен капитал:

5.000.000,00 EUR

Телефон:

+389 (2) 5102 201


Веб страна:

https://www.triglavzivot.mk

https://www.triglav.eu

Е-адреса:

info@triglavzivot.mk 

Собирање и употреба на лични податоци

Вашите податоци ги собираме и понатаму ги обработуваме во согласност со прописите, што го регулираат подрачјето за заштита на личните податоци.

1. Кога добиваме ваши лични податоци?

Вашите лични информации ги добиваме од вас кога:

• ја користите нашата веб-страница,

• ги користите нашите онлајн или мобилни апликации,

• сакате понуда за склучување на осигурување,

• склучувате договор за осигурување (полиса) со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје,

• барате информации од нас,

• давате пофалба или поплака,

• пријавувате осигурен случај или пријавувате штета,

• се претплатувате за да добивате известувања од Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

• сте корисник на други услуги, обезбедени од Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

• сте учесник во наградни игри организирани од Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

• во други случаи, определени со оваа политика.

 

Информации за обработка на лични податоци во врска со склучување и реализација на осигурувања, склучени во Заваровалница Триглав, д.д., може да се добијат во поглавјето Осигурување и лични податоци.

1.2. При посета на веб-страниците

Нашата веб-страница (www.triglavzivot.mk),  е јавно достапнa и наменетa за користење и за информирање на пошироката јавност, а овозможува и користење на други функции.

Како посетители на веб-странaта на Триглав Осигурување живот АД, Скопје секогаш можете доброволно да одлучите кога и на кој начин сакате да стапите во контакт со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје (по телефон, е-пошта, апликации или онлајн формулари). Посетителите на веб-страните исто така сами одлучуваат кои бесплатни интерактивни алатки ќе ги користат.

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги  користи податоците поврзани со посета на веб-страницата за следниве цели:

  • за следење и анализа на работењето на веб страната,
  • за техничко одржување и развој на веб странaта и услугите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје
  • за известувања за услугите и производите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и други важни информации (работење, конкурси, настани итн.)
  • за управување на односите со постојните клиенти и обезбедување на избраните услуги
  • како и за други цели, наведени во оваа политика на приватност.

Кога ја посетувате веб-страницата или веб-апликацијата на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје серверот автоматски собира детали за вашата посета, како што се:

  • IP адреса,
  • URL адресата на веб-страницата од која сте пристапиле до нашата веб-страница,
  • поставки на пребарувачот и информации за оперативниот систем на вашиот компјутер или мобилен уред,
  • содржина до која пристапувате на веб-страницата или апликацијата на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје,
  • датумот на пристап и времетраење на посетата на веб-страницата или апликацијата на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

На веб-страната или веб апликациите и другите електронски решенија ќе го сретнете и поимот „Колачиња“, со која може дополнително да се запознаете на линкот Употреба на колачиња, коишто се составен дел на оваа политика. Колачиња се мали текстуални датотеки, кои повеќето веб страни ги сочувуваат во уредите на корисниците, со кои се поврзуваат на интернет, со цел препознавање на уредите, кои корисниците ги употребиле при пристапување. Посетителот, односно корисникот на веб страната може да ги сочува, ограничи или оневозможи колачињата. Колачињата се наменети за обезбедување подобро прилагодени веб страни, бидејќи ги регистрираат интересите на поединецот, преференците и искуствата и ја подобруваат ефикасноста на барање информации, при што не е можно да се идентификува конкретниот корисник.

 2.3. При пополнување на онлајн формулари

Во онлајн формуларите по правило се наведени личните податоци, кои и се потребни на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје за да ви ги обезбеди потребните информации, помош или услуги.

Преку веб страната на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје се достапни следните веб формулари, во кои покрај податоците од претходната точка, од оваа политика за приватност, може да ги собираме и обработување  лични податоци, како што е наведено во следната листа:

 


Подрачје

Податоци за поединецот, покрај податоците од претходната точка

Цел на обработка на податоците

Медиуми

Е-mail за известување, кога од него може да се идентификува поединецот

Обезбедување на реализација за склучување на договори за осигурување

Склучување на осигурување


Име и презиме, е-mail, ЕМБГ, датум на раѓање и други податоци за идентификација на пример број на полиса (за постојни клиенти).

Обезбедување на реализација за склучување на договори за осигурување

Побарајте застапник

Име и презиме, е-mail, телефон, посакувана локација и датум на посета, желби

Обезбедување информации во врска со осигурувања, што ги нуди Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

Поплаки и пофалби

Контакт податоци од подносителот (име и презиме, адреса, поштенски број, место, телефон, е-mail), содржина на прикачениот документ (ако лицето го прикачи), вид на известување (пофалба/поплака), содржина на известување.

Разгледување, следење на поплаки и пофалби и подобрување на квалитетот на услугите

Е-новости за примање бесплатни корисни совети, информации и најнови поволности

е-mail за известување, кога од него може да идентификува поединецот, како и избрани теми од билтените

Обезбедување на информираност во согласност со покажаните интереси

Центар за помош


Адреса на живеење и е-mail адреса

Обезбедување помош при настаната штета или потреба за склучување на осигурување


2.4 При употреба на е-mail

Поединци можат до Триглав Осигурување Живот АД, Скопје односно на објавените е-mail адреси на веб-страницата www.triglavzivot.mk. да испратат електронска порака. Во овој случај, доброволно одлучувате кои лични податоци сакате да ни ги доверите. Триглав Осигурување Живот АД, Скопје понатаму ќе го обработи вашиот e-mail и вашата електронска порака во согласност со содржината на вашата електронска порака и земајќи ги предвид видот и природата на меѓусебните односи.

 2.5 При употреба на телефон

Контакт со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје може да остварите и преку телефон, а може по телефон да ве повикаат вработени во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје или претставници на договорните обработувачи на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје кога сте изразиле желба за таков начин на остварување на контакт, односно сте се согласиле за изведување на телефонски повик.

Во случај на снимање на телефонскиот разговор за тоа посебно ќе бидете известени пред започнувањето на телефонскиот разговор, односно преку телефонската секретарка. Снимките се чуваат и обработуваат со цел да се обезбедат докази за деловната комуникација, односно со цел да се обезбедат фактите и околностите на разгледуваните случаи и информациите дадени од страна на клиентите во согласност со одредбите од законот што ги регулира електронските комуникации.

 1.6 При снимање настани во организација на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје

Трговската марка Триглав ја промовираме со организирање на разновидни спортски, културни и општествено одговорни манифестации, во чии рамки може да ги обработуваме личните податоци на учесниците.

До првата обработка на личните податоци обично се доаѓа уште при пријавување на учесникот, кога треба да се пријави за настанот. Затоа при подготовка на пријавните се грижиме, да ги собираме само оние лични податоци, кои за учесниците навистина ни се потребни за самото изведување на манифестацијата, односно за настанот. Поединецот, при пријавување на настан може да го пополни и образецот „Согласност за обработка на лични податоци, односно снимки на кои е прикажан, што значи фотографија и/или видеоснимка. Обработката на снимките, кои го содржат ликот на поединецот ги вршиме врз основа на неговата согласност – а уште повнимателни сме кога на снимките има малолетно лице, помладо од 15 години (во тој случај бараме согласност за обработка на личните податоци да даде неговиот законски застапник или старател). Согласност ни е потребна и за изработка на видео, како и за објавување на веб страните, социјалните мрежи, печатените медиуми итн. Без согласност ги објавуваме само оние фотографии, на кои лицето не може да идентификува, односно не може да се препознае, на пример нејасна фотографија, снимка во грб, детал на прекрстени раце итн.

Поинаку постапуваме во случај на масовни посети или поголеми манифестации. Секој поединец, кој ќе земе учество во поголема или јавна манифестација (како учесник или како гледач) мора да биде свесен дека на таква манифестација веројатноста дека ќе биде снимен е поголема. Така од вакви манифестации може да снимиме и да објавиме снимка за настанот како таков, односно да снимиме репортажа, која вклучува ликови на поединците, при што внимаваме поединецот да не биде централен мотив на снимката. Пред реализација на вакви манифестации секогаш објавуваме известување дека настанот ќе се снима. Ако сакате објавената фотографија, на која вие сте централен мотив на снимката да се отстрани или ако не сакате да се појавите во кадарот односно не сакате да учествувате во видео снимката Ве молиме тоа однапред, односно што поскоро да не известите на oficer.lp@triglavzivot.mk   Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува фотографиите и видео снимките со цел за објавување на фотогалерија од настанот, односно видео прилог и дополнителни промоции за настанот во бази на податоци, кои ги воспоставува, води и одржува во согласност со прописите, што ја регулираат заштитата на личните податоци и ги чува пет години од нивното создавање.

1.7 При наградни игри

Кога учествувате во некоја од наградните игри, што ги организира или во кои како спонзор учествува Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и кога во рамките на пријавата за учество во наградната игра, односно на настанот сте доставиле ваши лични податоци, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје може да ги обработува вашите податоци како самостоен контролор на бази на лични податоци или како групен контролор на базата на лични податоци со организаторот, односно други лица, со кои соработува при реализација на наградната игра, односно настанот.

Вашите лични податоци ги обработуваме примарно за цел на реализацијата на наградната игра, односно настанот и за доделување на наградите и, врз основа на евентуална согласност, одвоено дадена при пријавата за учество во наградната игра, односно при одделниот настан. Личните податоци ги чуваме до завршувањето на реализацијата на одделна наградна игра, односно настан, односно 10 години во случај на прием на награда, а во случај на согласност, до нејзино отповикување.

Триглав Осигурување АД, Скопје Триглав Осигурување Живот АД, Скопје може да ги обработува вашите лични податоци и за други цели, но само во случај ако на тоа е обврзано со закон.

Ако на наградна игра сте добиле награда, чија вредност е поголема од 5.000 денари, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува вашите податоци и за целите на уплата на аконтација на персонален данок на доход  во согласност со Законот за персонален данок на доход ги доставува до надлежниот даночен орган. Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги чува наведените податоци 10 години, согласно со одредбите на Законот.

 2.8 Користење на податоци за маркетинг цели

Ако при склучување на осигурување или при пријава за учество во наградна игра или на настан, односно на друг начин сте дале соодветна согласност, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје може да ги обработува Вашите лични податоци и за следните цели:





Цел

Што претставува дадената согласност и кои предности ви ги дава?

Кои податоци ги обработуваме врз основа на вашата согласност?

За сегментиран (директен) маркетинг, заедно со создавање профил, кој го изведуваме за маркетинг на своите производи и услуги и за маркетинг на производите и услугите на компаниите од Групацијата Триглав

Во случај на ваша согласност ќе можеме да ви подготвиме понуди, прилагодени токму на вашите потреби, барања и интереси, односно на вашиот профил. Врз основа на детектираните карактерни особини, интереси, навики, потреби, барања и желби, ќе можеме посебно да се посветиме на тоа, во најголема можна мера да ви го понудиме она што навистина ви е потребно. Ќе може редовно да Ве известуваме за понуди прилагодени на вас и за новостите од компаниите во Групацијата Триглав, кои се занимаваат со осигурителна дејност и/или со финансиски услуги. Со оваа согласност ќе може и заедно да се договориме за посета на наш застапник, кој ќе ви ги презентира наведените понуди

Во случај да ни дадете согласност за сегментиран (директен) маркетинг, заедно со создавање профил, ќе може да ги обработуваме вашите следни податоци: име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, e-mail, телефонски број, број на мобилен телефон, ако ни ги дадете. Дополнително за маркетинг целите, врз основа на согласноста ги обработуваме и податоците за вашата возраст и/или обемот на осигуреност и/или траење на осигурувањето, за да обезбедиме, во согласност со барањата на Законот за супервизија на осигурување и Законот за облигациони односи дистрибуција на осигурителните продукти, со оглед на видот на осигурителниот продукт, кој е предмет на маркетинг, а да ги почитуваме барањата и потребите на нашите клиенти.

За доставување на вашите податоци на компаниите во Групацијата Триглав со седиште во Република Северна Македонија, кои се занимаат со осигурителна дејност и/или финансиски услуги со цел известување на понуди прилагодени на поединецот

Со ваша согласност ќе можеме вашите лични податоци од базите, што ги водиме, заедно со веќе создадените профили да ги доставиме до другите компании, кои се во состав на Групацијата Триглав и имаат седиште во Република Северна Македонија, а се занимаваат со осигурителна дејност и/или со финансиски услуги (тука спаѓаат Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Пензиско Друштвото) и така и наведените друштва ќе можат да Ве запознаат со своите понуди, кои ви се прилагодени вам.

друштва во Групацијата Триглав ги доставуваме податоците од формуларот за согласност: име, презиме, адреса, ЕМБГ, датум на раѓање, e-mail, телефонски број, број на мобилен телефон и цели, односно цели за обработка, за кои сте дале согласност.

Одредени активности, во врска со маркетинг целите ги вршиме и во согласност со своите легитимни интереси и тоа:


  • Кога главна цел е деловна комуникација во врска со Вашите сознанија, склучување и реализација на договорите за осигурување и пропишани известувања; маркетинг содржини во овој случај се отпечатени на задната страна на деловните документи или се додадени во потписот на пратената електронска пошта,
  • Праќање понуди до потенцијални клиенти без претходно создавање профили и праќање понуди со претходно создадени профили, кога за тоа користиме тесен сет на лични податоци, кои не се посебна категорија на лични податоци (на пример: лично име, адреса на постојано или привремено живеалиште, телефонски број, адреса на електронска пошта, број на телефакс, возраст, пол, вид на склучени договори за осигурување, време на истекување на договорот).

Повеќе за легитимните интереси може да прочитате во главата Обработка на лични податоци, врз основа на легитимни интереси.

2.9 Користење на лични податоци за реализација на програми на бенефиции

Личните податоци од своите бази на податоци, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ги обработува и за потребите за реализација на програмите на бенефиции, односно понуда на разни бонитети за поволности. Вклучувањето во програмата за бенефиции е сосема доброволно.

           


Осигурување и лични податоци

За  склучување на какво било осигурување со Триглав Осигурување Живот АД, Скопје истото може да го реализираме, само со обработка на Вашите лични податоци. Ние го правиме тоа со најголема грижливост и само во степенот неопходен за да ги постигнеме законските цели на обработка на лични податоци, како што се осигурување, исплата на барања за штета, наплата на неплатени премии и слични дејствија каде не може да се избегне обработка на лични податоци. Основот за обработка на Вашите лични податоци за цели на осигурување претставува Законот за супервизија на осигурување.

Податоците што ни ги доверивте за време на склучување или за време на реализација на осигурувањето, во најголем дел од случаите, ги користиме само за оваа намена. Во зависност од околностите, ние понекогаш треба да ги користиме овие информации за други цели поврзани со реализација на осигурување, но само тогаш, кога имаме соодветна правна основа за тоа. Таквите други цели за обработка на Вашите податоци поврзани со осигурувањето обично произлегуваат од посебните обврски на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје согласно одредбите на посебните закони, на пример при известување за надзорните органи на друштвата за осигурување, органите за прогон, даночните органи и слично.

Добивање на личните податоци

Во најголем дел, личните податоци ги добиваме од Вас, во рамките на склучување на договорот за осигурување (полиса), а во определени случаи, во зависност од видот на осигурувањето, може да ги добиеме и од други правни и физички лица или од државни органи.Ако на пример во банка сте склучиле договор за кредит, а банката при тоа кај компанијата се осигурала за случај на ваше неплаќање, Вашите податоци ги добиваме од банката кредито-давател. Ако осигурување сте склучиле преку друштво за застапување или брокерско друштвото, Вашите лични податоци ги добиваме од нив. Во случаите, кога тоа е определено со Законот за супервизија на осигурување, Вашите податоци смееме да ги добиеме и од други лица, кои со нив располагаат, ако ни се потребни при спроведување на осигурувањето и други законски обврски.


Обработка на лични податоци на други категории на поединци

Ако не сте (потенцијален) клиент на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје или лице поврзано со осигурување, посетител на нашата веб страна или корисник на нашите услуги, може да се информирате за некои дополнителни информации за обработка на личните податоци, кои се достапни подоле во оваа политика.


Обработка на лични податоци, врз основа на легитимни интереси

Во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје обработуваме лични податоци во одредени случаи и според категоријата на лицата врз основа на следниве легитимни интереси:


  • подобрување, развој и надградба на услугите, системите и производите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје,


  • техничко одржување на веб-страници и услуги,


  • управување со односите со клиентите и следење на задоволството со клиентите 


  • подобрување на деловната комуникација со маркетинг содржини,


  • подготовка за разговор за продажба и преглед на претходно склучени осигурувања,


  • контактирање на клиентот за обновување на осигурувањето,


  • идентификување на потребите и барањата на потенцијалните и постојните клиенти на осигурителната компанија, вклучително и понуда на нови осигурителни производи со ново покритие, кога таквите потреби и барања на клиентот се идентификуваат за време на разговорот за продажба,


  • испраќање понуди до сите потенцијални клиенти без претходно профилирање и испраќање понуди со претходно профилирање, кога користиме тесен сет лични податоци, кои не се посебни категории на лични податоци (пр. лично име, адреса на постојан или привремен престој, телефонски број, е- mail, пошта и број на телефакс, возраст, пол, видови склучени договори за осигурување, време на истекување на договорот, итн.),


  • обезбедување на функционирањето на информатичките системи, безбедност на мрежата и информациите (спречување на настани, незаконски или злонамерни дела што ја загрозуваат достапноста, автентичноста, интегритетот и доверливоста на зачуваните или пренесените лични податоци и безбедноста на сродните ИТ услуги), спречување на неовластен пристап до информатичките системите на компанијата за осигурување и реагирање на компјутерски безбедносни закани и инциденти,


  • заради заштита и осигурување на имотот и вработените во осигурителната компанија од закани и насилство и во слични случаи кога без обработка на лични податоци на поединци не би можеле да ги осигуриме и спроведеме сопствените легитимни интереси и права што ги уживаме според законите,


  • заради склучување, обработка и размена на лични податоци за намени на реосигурување,


  • за вршење актуарски пресметки и порамнувања и контрола на исплатата на провизиите на застапници за осигурување,


  • за испитување на сомнежи за измама во осигурувањето.


Што подразбираме под легитимни интереси на поединците?

Тоа се Вашите оправдани очекувања што ги имате од нас во врска со обработката на Вашите лични податоци. На пример, очекување дека ќе обезбедиме функционирање на информатичките решенија на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје и безбедноста на обработката на личните податоци. Исто така, Ваше очекување е застапникот за осигурување да знае кои осигурувања веќе сте ги склучиле и дека врз основа на тоа и врз основа на проценка на Вашите потреби и барања, тој ќе предложи соодветни производи за осигурување за вас (на пример, повеќе во согласност со Вашите потреби и барања или дополнително покритие што го нема постојното осигурување). Исто како Ваше оправдано очекување го сметаме да Ве наградуваме за Вашата лојалност и доверба со дополнителни попусти и поволности. Исто така, со право очекувате вашите поплаки и предлози да ги третираме така што ќе ги подобриме нашите услуги и ќе ги подготвиме на начин што тие ќе бидат попријатни за клиентите и поквалитетни и ќе ви овозможат дополнителни функционалности во согласност со технолошкиот напредок.


Категории на корисници на лични податоци

Обично не ги пренесуваме Вашите лични податоци на трети лица како дел од осигурувањето.Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е должен да ги обезбеди Вашите лични податоци на одредени надворешни корисници доколку истите имаат соодветна правна основа за добивање на Вашите податоци. Таквите корисници се обично разни државни органи, на кои им се потребни Вашите лични податоци како дел од официјалните постапки што ги спроведуваат, но исто така можат да бидат поединци, ако побараат пристап до податоците преку суд или ако со сигурност докажат дека Вие сами сте ги овластиле да ги добијат Вашите податоци.

Евентуалното барање за добивање на Вашите лични податоци од страна на трети лица секогаш се проверува за да се утврди дали тие потекнуваат од овластен барател и дали тој има соодветна правна основа за нивно стекнување. Во случај барањето за добивање на податоци да биде нецелосно, ние ќе одбиеме секакво доставување на Вашите податоци.

Листата со категории на корисници на Вашите лични податоци може да ги видите подолу во оваа политика.


Категории на обработувачи на лични податоци

Како и повеќето компании, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ангажира разни договорни обработувачи за одделни делови за обработка на лични податоци, кои вршат дел од услугите во име и за сметка на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје , при што Триглав Осигурување Живот АД, Скопје склучува договори за обработка на лични податоци со такви договорни обработувачи на лични податоци, со кои ги обврзува на истиот стандард за заштита на личните податоци, исто како самата да ги врши овие издвоени делови од обработката на личните податоци. Во исто време, овие договорни обработувачи ги обработуваат податоците само за реализација на договорно дефинираните услуги за Триглав Осигурување ЖивотАД, Скопје и за никаква друга цел, ниту пак смеат да ги користат за свои цели или за цели на трети лица.

Листата со категории на обработувачи на Вашите лични податоци може да ги видите подолу во оваа политика.


Чување на податоците

Вашите податоци ќе ги чуваме во периодот неопходен за постигнување на целите утврдени во оваа политика за приватност, освен ако не е неопходен или дозволен со закон подолг период на чување.


Законот за супервизија на осигурување предвидува дека податоците за осигурениците и за осигурените лица се чуваат 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета 10 години по затварање на случајот.  Во случај на судска постапка за наплата на неплатени обврски од договори за осигурување, личните податоци се чуваат 10 години од завршување на судската постапка. Податоците во врска со случаите на осигурување и проценката на осигурителното покритие и висината на надоместокот за оштета односно наплата на осигурување се чуваат 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата. По истекот на рокот за чување податоците се бришат од базите на податоци, а документацијата се уништува на таков начин што веќе не е можно да се утврди нејзината содржина или веќе не е можно повторно да се користат.


Вашите лични податоци, кои ги обработуваме врз основа на Ваша согласност и за целите наведени во согласностите, ги чуваме сè до Ваше отповикување на согласноста или Ваш приговор за обработка на податоците за целите на директен маркетинг. Истото важи и за обработка на овие податоци во поврзани компании на кои, со Ваша согласност, биле доставени личните податоци за истата цел на обработка.


Автоматизирано донесување на одлуки и профилирање

Ве информираме дека некои лични податоци може да се обработуваат на автоматизиран начин кога таквата обработка е неопходна за склучување или реализација на договор за осигурување со Вас, кога тоа е дозволено со законските и подзаконските акти и кога се преземаат соодветни мерки за заштита на Вашите права и слободи и врз основа на Ваша согласност.


Во случај на обработка на податоци со автоматски средства што имаат правни ефекти врз Вас или на сличен начин значително влијаат врз Вас, имате право да побарате одлуката што се заснова само на автоматизирана обработка да не важи за Вас, со испраќање на барање до info@triglavzivot.mk или до oficer.lp@triglavzivot.mk. Во овој случај, ќе се осигураме дека автоматизираната одлука повторно ќе биде преиспитана од надлежно лице во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.


Заштита на приватноста

10.1 Технички и организациски мерки

 

Во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје спроведуваме физички, организациски и технички мерки за заштита на податоците од загуба, кражба, недостапност и неовластено користење. Ние ги штитиме Вашите податоци во согласност со важечкото законодавство и интерните акти со кои се регулира заштитата и безбедноста на личните податоци во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје како и областа на информатичката безбедност.

Сите вработени во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, договорни обработувачи и други лица кои за обработка на податоците имаат Ваша лична согласност или друга соодветна правна основа за обработка, се обврзани да ја штитат доверливоста на Вашите податоци и не смеат да ги откриваат на неовластено лице или лица, кои немаат соодветна основа за обработка на Вашите лични податоци. Ние дозволуваме пристап до Вашите лични податоци само на оние лица кои треба да ги знаат овие податоци за да можат да ги обработуваат во наше име. Овие лица се обврзани со договорни обврски во врска со доверливоста, а во случај на какво било прекршување, против нив може да се поведат соодветни постапки.

Деловните простории каде што се наоѓаат носачите со лични податоци, хардверот и софтверот, внимателно се заштитени со мерки, кои што на неовластени лица им оневозможуваат неовластен пристап до личните податоци.

Ние спроведуваме, прегледуваме и одржуваме безбедносни процедури што ги исполнуваат најновите техники, стандарди и практики за заштита на податоците.

Интерната мрежа на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје е заштитена од надворешниот свет со заштитен ѕид и други активни системи за превенција, за откривање на упади, коишто се од најновата технологија.

Веб апликациите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје се достапни само откако ќе се најавите со индивидуална идентификација, како што се корисничко име и лозинка, личен дигитален сертификат и други. Корисниците имаат пристап само до податоците што им се потребни за да ја извршат својата работа и задачи до кои имаат право на пристап.

 

10.2 Препорачани мерки за заштита на приватноста и одговорност на поединците

На поединците, односно на сите приматели на оваа политика им препорачуваме да ја заштитат и својата приватност:

  • Обезбедување точни и ажурирани информации

Во случај да сте се осигуриле во нашата компанија, Ве повикуваме тековно да не известувате за промените на Вашите лични податоци. Ние ќе се настојуваме да ги ажурираме Вашите податоци, во најбрз можен рок откако ќе го добиеме известувањето.

Истовремено, Ве известуваме дека при склучување на осигурувањето или подоцна, можете да дадете Ваша согласност за комплетноста, точноста и ажурирањето на Вашите лични податоци. Што добивате со дадената согласност? Може да има грешки во запишувањето на личните податоци, на пример погрешно да се запише личното име, датумот на раѓање, ЕМБГ итн. Со Ваша согласност, можеме да обезбедиме дека за Вас ќе водиме точни и ажурирани податоци, бидејќи во случај на сомневање ќе можеме да ја провериме нивната точност и сами да ги добиеме од официјалните евиденции и јавните регистри.

  • Електронска пошта

 

Пред да ни испратите необезбедена е-пошта преку вашиот провајдер на интернет услуги, имајте на ум дека неговата содржина на интернет може да не биде заштитена од неовластено читање, фалсификување, итн.

  • Користење на лозинки


Препорачуваме да ја осигурите безбедноста на лозинките или другите идентификатори што ги користите за најавување. Внимавајте да ги чувате правилно и да не ги откривате на други лица.

Кога, како корисник на нашите услуги, пронајдете злоупотреба на Вашето корисничко име и лозинка или друг кориснички идентификатор што го користите за пристап до веб-апликациите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје Ве молиме да не известите на oficer.lp@triglavzivot.mk што е можно поскоро. По приемот на известувањето, ќе се погрижиме да спречиме натамошна употреба на таква лозинка.

Во случај да ги изгубите или заборавите податоците за најава (корисничка лозинка), што ги користите, за пристап до веб апликациите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје ќе можете да ја ресетирате корисничката лозинка со внесување на личниот e-mail, што сте го навеле како контакт e-mail. На тој e-mail  ќе добиете е-известување со линк за ресетирање на вашата корисничка лозинка.

  • Антивирусна заштита

 

Ви препорачуваме на уредот за пристап до содржините на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје да имате инсталиран и активен софтвер за заштита од малциозен софтверски код.

 

10.3 Правила на дигиталните социјални мрежи

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје преку дигиталните социјални мрежи Facebook, Twitter, Youtube, LinkedIn, Instagram контактира со поединци и пошироката јавност, поради што е важно поединците да се запознаат со правилата на овие мрежи односно, со нивните политики за приватност и поставките за приватност.


Исто така, треба да бидете свесни дека вашето објавување на интернет е видливо за пошироката јавност, па затоа е многу важно да се следи бонтон за Интернет (т.е. е-бонтон), и тоа:

  • мислењата и ставовите да се изразуваат културно
  • не откривајте доверливи и чувствителни лични информации,
  • не откривајте информации за кои немате дозвола да ги објавувате,
  • не користете логоа, знаци, трговски марки и други права на интелектуална сопственост за кои немате дозвола од сопственикот,
  • не објавувајте пораки со злонамерна, навредлива, непристојна, вулгарна, клеветничка, непријателска, заканувачка, непристојна или каква било содржина што може да ги погоди другите членови на социјалната мрежа или трети страни,
  • не им се заканувајте и не ги заплашувајте другите корисници.

 

10.4 Линкови до други веб страници, апликации и услуги

Веб-страната на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје може да обезбедува линкови до веб-страници на трети лица или да вклучуваат страници и услуги на трети лица. Триглав Осигурување Живот АД, Скопје не е одговорен за заштита на приватноста или на личните податоци од страна на трети лица, даватели на апликации, даватели на оперативни системи, даватели на безжични услуги, производители на уреди итн.

Во случај да изберете да посетите таков линк, ние не сме одговорни за достапноста на избраната страница, мобилни апликации или други услуги на трети лица. Ние исто така не ги проверуваме веб-страниците на трети лица, нивните мобилни апликации или услуги и не сме директно или индиректно одговорни за нивната употреба и содржина, собирање и обработка на какви било податоци од страна на веб-страниците, мобилните апликации или услугите на овие лица. Со оглед на горенаведеното, Ви препорачуваме пред да ги користите услугите или мобилните апликации на трети лица или пред да внесете какви било лични податоци во нив, информирајте се за нивните политики за приватност или изјавите за заштита на приватноста, кои се достапни или на нивните веб-страници или при пристап (регистрација) во ваква мобилна апликација.

10.5 Деца и лични податоци

Ние не ги собираме личните податоци на децата на нашата веб-страница, со исклучок на учество во наградни игри и добивање снимен материјал на настани организирани од Триглав Осигурување Живот АД, Скопје при што секогаш настојуваме личните податоци на децата да ги собираме во разумна мера. Во врска со личните податоци на деца под 15-годишна возраст, Триглав Осигурување Живот АД, Скопје води посебна грижа да не ги собира, користи или открива нивните лични податоци и децата намерно не ги провлекуваме на веб апликациите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје. Нивните лични податоци ги добиваме исклучиво преку контакт податоците на родителите или старателите.

Кога на одделен настан во наша организација учествуваат и деца на возраст под 15 години, ние ги добиваме и обработуваме нивните слики само со претходна писмена согласност од нивните родители или старатели. За деца под 15-годишна возраст, согласност за учество во наградна игра мора да потпишат нивните родители или старатели. Родителите, во рамките на согласностите, може да ни дозволат да ги обработуваме личните податоци на детето заради доделување награди и за објавување на податоците за добитниците. Ако дете под 15-годишна возраст ја освои наградата, родителите или старателите на детето за тоа ќе бидат известени по е-mail, телефон или во писмена форма.

Особено би сакале да ве предупредиме дека електронските социјални мрежи во однос на нивната употреба и политиките за приватност, за кои Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, не е одговорен, имаат одредено пониска старосна граница за учество на децата, под претпоставка дека сите корисници или луѓе кои ставаат допаѓања, следат или на некој друг начин се вклучени во социјалната мрежа се постари од 13 години.

Во однос на горенаведеното и употребата на интернет и во врска со други услуги на информатичкото општество, Ви препорачуваме да разговарате со Вашето дете за безбедно користење на Интернет и мобилни уреди за да избегнете откривање лични податоци на децата на интернет и комуникација со непознати лица.  

Остварување права во врска со личните податоци

Ако личните податоци во Триглав Осигурување Живот АД, Скопје се обработуваат врз основа на согласност, поединецот може во секое време привремено или трајно да ја отповика својата согласност за обработка на лични податоци; поединецот исто така може да се спротивстави на обработката на лични податоци што се однесуваат на него за целите на директен маркетинг или да побара пристап, дополнување, корекција, ограничување на обработка, пренесување или бришење на лични податоци или да поднесе приговор против обработка на лични податоци што се обработуваат во врска со него, со писмено барање испратено на адреса: Триглав Осигурување Живот АД, Скопје бул.8-ми Септември бр.18,кат 2, 1000 Скопје, или преку oficer.lp@triglavzivot.mk.. Вашето отповикување важи за во иднина и не влијае на обработката на лични податоци што била извршена пред Вашето отповикување.

Ако се спротивставувате на обработката на лични податоци врз основа на нашите легитимни интереси, ние повеќе нема да ги обработуваме Вашите лични податоци освен ако не докажеме, во согласност со одредите на Законот за заштита на лични податоци, дека легитимните причини за обработка ги надминуваат Вашите интереси, права и слободи, или за остварување реализација или одбрана на правни барања.

Исто така, би сакале да Ве потсетиме дека доколку сметате дека се прекршени прописите со кои се регулира заштитата на личните податоци, имате право да се обратите до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорен орган за заштита на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.


Други информации

Било какви прашања во врска со оваа политика, забелешки, коментари и барања за помош при остварување на Вашите права во врска со обработката на Вашите лични податоци може да се  упатат до офицерот за заштита на личните податоците на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје, на е-mail: officer.lp@triglavzivot.mk


Ажурирање на политиката на приватност

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје го задржува правото, повремено да ја ажурира оваа политика за приватност.

Било какви измени во оваа политика за приватност ќе влезат во сила на денот на објавувањето на веб-страницата www.triglavzivot.mk на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.

Триглав Осигурување Живот АД, Скопје препорачува сите поединци на кои оваа политика се однесува редовно да ја разгледуваат истата.

Понатамошното користење на веб-страницата или услугите на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје по објавените измени во политиката за приватност, значи дека се согласувате со промените.

Complementary Content
${loading}