Триглав Осигурување Живот

За нас

Кога имаш визија за иднината, мора да вдахнеш живот и да дозволиш да живееш без ограничувања. Животот е полн со можности. Понекогаш знае да биде наивен како детска игра, но со многу возбуда. Полн е со предизвици, но ќе стигнеме до врвот само ако почнеме да се искачуваме.

Затоа, живеј го животот по свое, обвиен во љубов и сигурност.

Успешност има само доколку нешто се надградува, подобрува, проширува, продолжува. Триглав на нашиот пазар влегува во нов предизвик, во осигурување на живот. Брендот и понатаму останува да ги негува своите вредности што секојдневно ги остварува во меѓусебните односи и односите со околината:


Професионалност

Групацијата Триглав се стреми кон остварување на деловните цели, засновани на квалитетни услуги, коишто се темелат на високо професионалната оспособеност на вработените. Ние сме носители на професионалниот развој, особено во доменот на финансиските услуги.


Сигурност

Се стремиме да обезбедиме квалитетни производи и услуги и на тој начин да ја зголемиме финансиската сигурност на нашите клиенти, деловни партнери и други соработници. Притоа ги следиме високите стандарди на професионалната етика.


Одговорност

Во средината во којашто работиме сакаме активно да живееме и да придонесеме за позитивни промени кај луѓето и природата. Развиваме слух за препознавање на потребите на околината со цел активно да одговориме на истите.


Едноставност

Се стремиме кон тоа сe што работиме да носи вредност (корисност). Притоа, целосно и брзо ги елиминираме прекумерната администрација и непотребната комплексност.



Политика за одржлив развој

Complementary Content
${loading}